Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, која партија е дел од коалицијата Вреди, во интервју за ТВ Алсат на прашањето дали во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ е договорено тој да биде претседател на Собранието, не одговори ниту потврдно, ниту одрече.
„За нас е важно Албанците да продолжат да извршуваат една од трите главни функции во државата. Но сеако, бидејќи е познато кој ја има функцијата претседател на државата, а кој ќе биде премиер, побаравме функцијата претседател на Собранието да ја извршува Албанец, односно да ѝ припадне на Вреди. Договорот уште не е конечен, начелно се договоривме за некои позиции, исправно е да се почека за овие преговори и договори со ВМРО-ДПМНЕ да се произнесат нашите партиски органи и верувам дека ќе се постигне финален договор во законскиот уставен рок, а тоа е до 28 мај. Тој ден верувам дека ќе се конституира парламентот и дека сите ќе имаме јасна претстава кој е заедничкиот предлог на коалицијата за претседател на парламентот“, изјави Гаши.
Лидерот на Алтернатива рече деа коалицијата Вреди е вистинсиот победник на изборите меѓу Албанците оценувајќи дека разликата во гласови и мандати што ја има коалицијата на ДУИ се должи на гласовите на неетнички Албанци.