„Владината коалиција уште не ги помина првите 100 дена, но има позитивна енергија како се справуваме со кризите. Владата има сенс да ги слушне проблемите на граѓаните, и брзо реагираме. Ако денот по утрото се познава – граѓаните ќе се среќни. Наше е да работиме“ – вели лидерот на Алтернатива – Африм Гаши за Трилинг.
Гаши смета дека „Алтернатива ги презема ресорите каде што се најголемите проблеми. Се нафативме да ги решиме најголемите проблеми во државата. Јас сум човек од предизвици, убедени сме во нашиот квалитет. Сакаме да дојдеме до кредибилно и фер судство кое сега го немаме. Сакаме меѓународна иституција да ги увиди спорните предмети за да нема судот товар дека суди по етнички пристап“.
Лидерот на Алтернатива во врска со Пописот смета дека „тиранијата на бројките е единствена алатка за пресметување. Крајно време е да се затвори ваквото поглавје, оваа држава не може да ја издржи битката меѓу Македонци, Албанци и други. Треба да направиме оваа држава да е функционална, а треба да е најмалку битно кој колкава процентуална застапеност има. Ќе ги имаме најрелевантните резултати од Пописот“.