Централното претседателство на „Алтернатива“ вечерва на седница ги утврди носителите на јавни функции.
За потпретседател на Собранието ќе биде предложен Хисни Исмаили, за министер за здравство Беким Сали, за министер за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и за министер без ресор одговорен за дијаспората Џемаил Чупи.
За заменик-министер за образование и наука е предложен Лулзим Алиу, а заменик-директор за култура Даим Лучи.
На Централното претседателство се утврдени и имињата на неколку директорски позиции.
За директор на МЕПСО е предложен Орхан Муртезани, за директор на Клиничката болница во Тетово, Амир Елези, директор на ПИОМ, Дритан Беџети, директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“, Мубекир Палоши, за директор на Управата за водење матични книги Блерим Абази и за директор на Агенцијата за странски инвестиции е предложен Беким Емини.