
Гаши: Агелер остави видлива трага во демократските процеси на Македонија
На средбата, како што велат од прес-службата на Собранието, Гаши изразил благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно била нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.
На средбата, како што велат од прес-службата на Собранието, Гаши изразил благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно била нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
-Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник, потенцираат од Собранието.
Гаши нагласил и дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изразил уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.