Гаспром го прекина доводот на гас за Кина

Руската компанија Газпром денеска објави дека ќе ја прекине испораката на гас за Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“ меѓу 22 и 29 септември, поради планираните работи за одржување, пренесува „Ројтерс“.

Тие велат дека, според договорот со China National Petroleum Corporation (CNPC), ваквото одржување се планира двапати годишно – во пролет и во есен.

Инаку, Гаспром и ЦНПЦ потпишаа договор за трансфер на плаќањата за испорака на руски гас во Кина во јуани и рубли, наместо во долари, објави руската компанија на почетокот на септември.