Гаспар: Дали Благојче требаше да почине за Владата да обезбеди пари за Трикафта?!

,,Не беше тоа месеци, се чекаше неколку години. Како што ние изјавивме повеќе од две ипол години е поминато откако се пушти првото барање од страна на асоцијацијата да се разледа лекот, и да се овозможи истиот за најкритичните пациенти. За жал мораше да се случи тоа со Благојче за да има експресивно решение на проблемот со останатите пациенти, иако асоцијацијата и самото членство гледам дека е се уште е скептично во тоа како ќе се движат работите. Имавме доста позитивен разговор и како што сте и вие запознаени нели, обезбедени се одредени средства од страна на фондот за здравство кој што се дадени на педијатрија кој што треба да го овозможат лекот во најскоро време за тие осум пациенти, но цената е таа која што се претставува од страна на компанијата. Јас сум убеден дека можат со преговори за тие средства да обезбедат многу повеќе пациенти да ја имаат терапијата т.е да се купи” – истакна Фики Гаспар претседател на асоцијацијата на болни од цистична фиброза во најновото издание на Трилинг.

Гаспар истакна дека како асоцијација тие не зборуваат за вина, според нив надлежните се задолжени за таа работа.

,,Се оградуваме од тие прашања. Не сакаме да бидеме, нели во аспект на политика да се мешаме. Мислиме тоа е изгласано како одговор, дека на вакви прашања треба да даваме одговор што се соодветни само за нашата проблематика и да се оградиме од сите тие вакви прашања кои се многу битни, но оставаме надлежните кои што си ја имаат таа функција и треба да најдат дали имало вина а претпоставувам чим имаме човек кој што е  починат а не требаше да биде така, некаде има вина” – истакна тој.

Гаспар потенцираше во најновото издание на Трилинг дека нема да дозволат да им се случи уште еден Благојче, и нема да дозволат да бидат заборавени. Потребно им е системско решение, решение за сите пациенти кои имаат бенефит од овој лек, решавање на оваа проблематика од временски аспект.