
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ги критикуваше западните земји за снабдување на Украина со тешки тенкови и друго оружје, пишува денеска Гардијан, со оценка дека зазема став против ЕУ откако беше избран во 2019 година како левичарски либерал и дека ја усогласил својата политика со онаа на унгарскиот премиер Виктор Орбан и лидерот на босанските Срби, Милорад Додик.
Говорејќи пред новинарите во Загреб, Милановиќ рече дека е „против испраќање какво било смртоносно оружје“ во Киев, тврдејќи дека снабдувањето со оружје на Украина само ја „продолжува војната“ и дека Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, „никогаш нема да биде дел од Украина””.
Британскиот весник пишува дека Милановиќ, иако претседателската функција во Хрватска е главно церемонијална, формално е врховен командант на вооружените сили.