
Ганиу се обидел да го поништи Решението за легализација на зградата во Чаир, открива Арсовска
Според неа, срамот да биде поголем во обидот за прикривање докази активно учествуваат Владата и Министерот за внатрешни работи кои наместо да “филозофираат”, треба да постапуваат за да ги фатат криминалците, а не да дозволат тие да ги покријат нивните криминали.
Градоначалничката Данела Арсовска, денеска покажа два документа со кои градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу се обидел да го поништи Решението за легализација на дивоградбата што ја покажа таа пред некој ден. Арсовска открива дека се обидел и да го антидатира барањето за поништување на решението, со датум од 2.5.2025 година, но во Катастар стои дека е примено вчера во 14.44 часот.
Наместо во истрага за криминалот, институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат криминал, обвинува Арсовска.

„Општина Чаир вчера во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднеле Решение за поништување на Решението кое го издадале за криминалната легализација со фалсификувани документи што ја откривме. Решението го антидатирале демек е направено на 02.05.2025 за да изгледа дека постапиле пред целиот криминал да биде објавен јавно, ама не можат да покријат дека вчера им е поднесен во катастар неколку часа по нашите пријави во МВР“, појаснува градоначалничката на Скопје.
Според неа, срамот да биде поголем во обидот за прикривање докази активно учествуваат Владата и Министерот за внатрешни работи кои наместо да “филозофираат”, треба да постапуваат за да ги фатат криминалците, а не да дозволат тие да ги покријат нивните криминали.
„До сега требаше да сте во општината и да ги имате обезбедено сите докази а не да им дозволувате на Висар Ганиу и Изет Меџити да си ги покриваат криминалите и да уништуваат докази!“, додава таа.
Јавното обвинителство мора да постапи во разоткривање на криминалот кој се случува пред очите на целата јавност, смета Арсовска.