Галетановски: Се надевам дека полицијата ќе ја пронајде кукавичко криминалната банда која ми го запали автомобилот

Претседателот на градската организација на СДСМ за Скопје и поранешен директор на скопската ЗОО, Ѓорѓи Галетановски, објави фотографија од неговиот запален автомобил, посочувајќи дека полицијата интензивно го барала сторителот.

-Бидејќи многу пораки имам со прашања дали има нешто за кукавициве да одговорам на сите. Не,трет ден не ми се јавиле од полиција, но како што ми кажуваат жители од Кисела Вода, комшии и сопственици на дуќани, инспектори секојдневно чешлале камери и овие два дена интензивно работеле со распити. Ги поздравувам и се надевам дека ќе ја откријат оваа кукавичко криминална банда да го вратат мирот на граѓаните. Казните за овие дела мора да ги зголемат и изедначат со тероризам бидејќи граѓаните освен финансиски оштетени се и психички, напиша Галетановски на Фејсбук.