Галетановски: Две години не е направена дезинфекција на ЗОО

- Не е реално во ваков проблем директорот да не се појави на работа и да ги остави вработените на цедило сами да горат, вели Галетановски.

Веста во саботата за состојбата во Зоолошката градина Скопје, ја згрозија македонската, но и регионалната јавност. На широко се пренесуваа вести и видеа од случувањата во „Зоолошка“.

Здружението за заштита на животни Анима Мунди испрати соопштение во кое се вели дека иако во Македонија не е забележан ниту еден случај на птичји грип кај домашната живина и вирусот на птичји грип е речиси без никаква опасност по здравјето на луѓето, за само еден ден направен е масакар врз птици во ЗОО Скопје.

Она што е видливо на грозоморните видеа е најсурово – со пушки, кршење вратови, фрлање живи во канти за ѓубре – се ликвидирани 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.

„Трилинг“ разговараше со поранешниот директор на Зоолоката градина – Скопје, Ѓорѓи Галетановски, којшто според многумина е најуспешниот директор откако постои оваа институција на Град Скопје и Македонија.

Фото: Фејсбук / Зоолошка градина – Скопје

Не е реално во ваков проблем директорот да не се појави на работа и да ги остави вработените на цедило сами да горат

„Тоа утро преку 20 посетители ми пишаа и ме прашаа зошто вратите на ЗОО Скопје се затворени во сабота, што е невообичаено и не знаев што да им одговорам. Кога и јас прочитав за веста дека нашле опасен вирус кај птиците, на Мета беше мислам, одма после тоа почнаа да ми звонат новинари, бидејќи директорот на никого не кревал телефон, а мене тоа не ми се случило ни кога бев директор, а ни сега како екс директор па и веќе навикнати се новинарите после секој циркуз што ќе се случи мене ми звонат.

– Ги замолив само да проверам. Се јавив кај двајца колеги кои ми потврдија и објавив на Фејсбук. Не сакав да направам паника. Еве и јавно се извинувам ако направив паника, но ме изнервира фактот што транспарентноста што ја имало таа институција се претвори во црна кутија.

– Не е реално во ваков проблем директорот да не се појави на работа и да ги остави вработените на цедило сами да горат. Кога стигнав пред ЗОО таму беа сите телевизии и пишани медиуми. Јас се познавам со сите и можеби не е мое да давам изјави, но како што реков ниту сум ги одбил ниту ќе ги одбијам, вели Галетановски.

Ме плаши фактот што вработени внатре ми кажуваат дека две години не е дезинфицирано во Зоолошка.

Фото: Фејсбук / Зоолошка градина – Скопје

„Вирусот е тој – лесно пренослив кај птиците, има некој случаи во Македонија еве и во зоолката градина сега. Грешката ја гледам што не бил консултиран и вклучен Институтот за јавно здравје, а мое мислење е дека се заразиле од некоја доселена птица, но мислам дека директорот со неговата нетранспарентност ги отежна условите. Протоколите се тие сакале ние или не, мора да се заловат птиците во околината и мора да се дезинфицира просторот. Е сега дали и како реагирале од АХВ и дали се роковите и периодот нормални, не знам. Повеќе ме плаши фактот што вработени внатре ми кажуваат дека две години не е дезинфицирано во Зоолошка, потенцира Галетановски.

Фото: Фејсбук / Процесот на градење на Дино паркот – вистинска атракција за најмладите

Конкурсот за нов директор е отворен, но градоначалничката не ги побарала документите

„Конкурсот како што знам е се уште е отворен, но градоначалничката не ги побарала документите. После два месеци бев да ги побарам документите, не ми ги вратија и тоа е тоа.

Сега е поважно да ја регистрирам Фондацијата за европска зоолшка чија цел ќе биде да помага финансиски за потребите на ЗОО и каде што ќе фигурираат и вработени од ЗОО Скопје“, вели за „Трилинг“, Ѓорги Галетановски, поранешен директор на ЗОО Скопје.