Газпром: Европа бара уште повеќе руски гас!
Енергетскиот гигант „Газпром“ од Русија соопштува дека и понатаму се испорачува руски гас во Европа, „во согласност со барањата на клиентите“.
„Побарувачката на Европа за ресурси, денеска се зголеми“ – објавија од „Газпром“.
Во соопштението се додава и дека гасоводот, што минува низ Украина, сè уште е во функција.
Објавата на „Газпром“ доаѓа во време кога сè погласни се барањата, Западот целосно да ја прекине зависноста од руската енергија, првенствено од нафта и гас.