Газа: Откриена е масовна гробница во дворот на болницата Ал-Шифа

Масовна гробница беше откриена во дворот на болницата Ал-Шифа во Газа, која Израел ја претвори во урнатини за време на неколкунеделните интензивни напади во кои загинаа стотици луѓе.

Како што потврдија за АА здравствени извори, телата извадени од масовната гробница се всушност луѓе кои израелските војници ги убиле на теренот на болницата и ги закопале во дворот на оваа институција.

Истиот извор изјави дека вчера во утринските часови биле ексхумирани телата на десет лица.

На неколку локации во дворот на болничкиот комплекс биле откриени целосни, делумни, изгорени или во фаза на распаѓање тела, во индивидуални или масовни гробници.

Неименуваните извори наведуваат и дека во оваа фаза не може да се утврди бројот на телата кои биле или би можеле да се најдат во болничкиот терен.