
В четврток Ковачевски ќе поднесе оставка од функцијата. Според него, има доволно време до недела за сите процедури. В среда опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи состанок на Извршниот комитет на кој се очекува да бидат обелоденети имињата на нивните кандидати за министри и заменици.
В среда опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи состанок на Извршниот комитет на кој се очекува да бидат обелоденети имињата на нивните кандидати за министри и заменици.
За моментот дека можно е нивните кандидати да не се најдат на листата на владата, координаторот на пратеничката група Никола Мицевски смета дека тоа би било политички аматеризам и дилетантизам.
Заедно со Ковачевски во четврток оставка поднесува и спикерот Талат Џафери кои ќе ја предводи техничката влада. Во петок ќе биде избран новиот претседател на Собранието Јован Митрески, а претседателот Пендаровски ќе го додели мандатот за состав на нова Влада. До недела на полноќ техничката влада треба да биде изгласана и ќе има важност од 100 дена.