Вјоса Османи на сите православни верници им го честита Велигден

Претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска на сите православни верници во Косово и во светот им го честиташе Велигден.

„Нека овој ден на воскресение и возобновување донесе мир и радост во сите ваши семејства“, напиша Османи на социјалната мрежа Икс.

Таа објави и фотографија од велигденски јајца со порака „Среќен Велигден“ на албански, српски и англиски јазик.