Вјоса Османи бара појаснувања од Уставниот суд за блокадата на парламентот

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, најави дека повторно ќе се обрати до Уставниот суд за појаснувања во врска со неуспешното конституирање на Собранието до 26 јули, кога истекува рокот кој тој суд го одреди.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, најави дека повторно ќе се обрати до Уставниот суд за појаснувања во врска со неуспешното конституирање на Собранието до 26 јули, кога истекува рокот кој тој суд го одреди.

Како што пренесуваат приштинските медиуми, таа за време на официјалната посета на САД и дискусијата во Институтот Хадсон во Вашингтон зборуваше и за институционалната криза во Косово која трае веќе неколку месеци.

Последната пресуда на Уставниот суд не ги појасни доволно последиците во случај Собранието да не се конституира до 26 јули, поради што Османи рече дека повторно ќе бидат упатени посебни прашања во врска со оваа институционална блокада.

„Во нашиот устав, кога го пишувавме, беше невозможно да се предвиди секое поединечно сценарио. Тој беше направен со позитивен пристап, дека законодавците ќе соработуваат, наместо да се блокираат едни со други и институциите. Значи, во моментов, поради недостиг на (јасност на уставот) Собранието не е конституирано. Имавме нов случај пред Уставниот суд, кој појасни дека постои строг рок од 30 дена за конституирање на Собранието, а кој истекува на 26 јули. Но, не појасни кои се правните последици од непочитувањето на тој обврзувачки уставен рок. Затоа изгледа дека ќе морам повторно да се обратам до судот и да им го поставам тоа прашање, и се надевам дека ќе одговорат, изјави Османи.

Сепак, за време на дискусијата таа изрази оптимизам во врска со надминувањето на политичката блокада, оценувајќи дека „неконституирањето на Собранието му нанесува штета на Косово и на неговите граѓани“.