Вчера, во вечерните часови, дел од Дебар Маало беше новогодишно осветлен и украсен во чест на големиот македонски драмски автор и есеист, Горан Стефановски, по повод 70 години од неговото раѓање.
Порака од неговиот последен есеј „Искрата што се измолкнува“, објавен во книгата „Идентитетот е приказна“, на македонски и во превод на сите јазици на Европската Унија е испишана на рачно изработените сувенири кои во празничниот период ќе го красат паркот во кој е спомен-обележјето „Клупата на Горан Стефановски“. Преводите се обезбедени во соработка и со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).
На настанот присуствуваа поголем број почитувачи на Стефановски. Скопје беше центар на Европа! Барем за оние кои вчера бевме во Дебар Маало.
Организатори на настанот се Делегацијата на Европската Унија и „Јуроп хаус“.