Вчера по четврти пат се одржа Парадата на гордоста во Скопје

Вчера по четврти пат во Скопје се одржа Парадата на гордоста. Таа започна во 17 часот, а со музика, храна и пијалоци до доцна вечерта во Градскиот парк во Скопје продолжи Парадата на гордоста. Во паркот имаше штандови со храна и пијалоци, а поставена е и сцена за настап на музичките ѕвезди

Меѓу пејачите кои се гости на Парадата е и македонската музичка ѕвезда, Тамара Тодевска, која настапи со евровизиската нумера „Proud“.

Стотици граѓани вчера учествуваат на четвртата Парада на гордоста во Скопје, која започна во 19 часот во паркот „Жена борец“ спроти зградата на парламентот. Учесниците со музика, но и под силно полициско обезбедување продолжија со протестен марш низ центарот на главниот град, пред да завршат на забава во Градскиот парк, која ќе трае до 1 часот по полноќ.

Покрај граѓани и активисти за човекови права, на Парадата присуствуваа и гости од странство, а настанот го поддржаа и дел од политичарите од власта.