Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО, соопштија од Зоолошката

„Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега зоонегувател Ристе Трајковски“ соопштија денеска од скопската Зоолошка градина.

Оттаму велат „Ристе беше вреден работник, омилен меѓу животните, а неговите фотографии за поврзаноста со жирафите го обиколија светот“.

„Нека ти е светол патот, почивај во мир колега и сочувство до семејството од целиот тим на Зоолошка градина Скопје“ се вели во соопштението.

Од ЗОО-Скопје велат „за трагедијата да биде уште поголема, околу 16:00, го загубивме и нашиот Флопи – една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе. Вработените дадоа се од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе“.

„Законските процедури и постапки се запазени и се во тек, штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност“ соопштуваат.