Вучиќ ќе соопшти нови стратешки одлуки на Србија

„Забраната за увоз на руска нафта, како дел од европските санкции против Русија, иницирани од Хрватска `очигледно е отворен чин на непријателство кон Србија и дека тие се подготвени да искористат сè против Србија, вклучително и енергетската криза – изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ и додадде:

-Ќе има уште многу тешки разговори. Вучиќ утре на прес-конференција ќе соопшти некои стратешки одлуки, најави премиерката и мандатарка Брнабиќ и навести дека Србија ќе мора  поинаку да се позиционира без да прецизира што ќе значи промената на ставот на официјален Белград и според кого.