Вучиќ ќе положи заклетва за втор мандат

Александар Вучиќ – претседателот на Србија денеска ќе положи заклетва во Народното собрание за втор претседателски мандат.

Собранискиот спикер – Ивица Дачиќ свика седница на Парламентот врз основа на член 114 од Уставот на Србија, на која претседателот ќе положи заклетва и ќе се обрати пред пратениците и гостите.

На седницата ќе биде презентиран извештајот на Републичката изборна комисија за резултатите од гласањето, а полагањето заклетва ќе го означи почетокот на новиот петгодишен мандат на Вучиќ.

Вучиќ на 3. април победи во првиот круг на редовните претседателски избори со 58,59 отсто од вкупните гласови.

Првиот мандат му почна на 31. мај 2017 година.