Српскиот претседател – Александар Вучиќ изјави денеска дека Владата денеска донела одлука за испорака на пченица и брашно во Албанија, но и во С. Македонија.
„Тие се од Отворен Балкан, а барања добивме и од Северна Македонија. Ќе испорачаме се во согласност со договорот. А потоа ќе доставиме до БиХ и Црна Гора. Добивме барања од БиХ за количини поголеми за 6.000 тони отколку за целата измината година. Но, мислам дека тоа нема да биде посебен проблем за нас“ – кажа Вучиќ за „ТВ Пинк“.
Истакна дека Србија има доволно пченица, пченка, сончогледови семенки, масло и посочи дека сега сите од Србија бараат поголеми количества пченица и пченка.