Александар Вучиќ – претседателот на Србија денеска најави дека земјата во 2022 и 2023 година ќе набави уште околу 30 хеликоптери и дека ќе биде хеликоптерска велесила во регионот.
„Голем број хеликоптери се набавени годинава и претходните години, а очекувам големи набавки на хеликоптери следната година и во 2023 година. Очекуваме уште вкупно 18 плус 12 хеликоптери“ – изјави Вучиќ.
Тој порача дека Србија ќе има околу 30 хеликоптери кои ги купуваат половни, од една членка на ЕУ.
„Значи, ние ќе бидеме, ако можам така да кажам, хеликоптерска велесила во овој регион“ – посочи Вучиќ.
Вучиќ рече и дека Србија во следните 5 години ќе нарача опрема, оружје и орудија, возила и муниција, мини, ракети од домашната наменска индустрија во вредност од 1,25 милијарди евра.