Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија мора да биде многу внимателна и мора да избегнува конфликти бидејќи, како што рече, мирот работи во корист на сите, но најмногу во корист на Србија и нејзините граѓани.
Вучиќ го кажа ова додека го коментираше говорот на претседавачот со Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, на комеморацијата во Сребреница и додаде дека говорот го изненадил, но дека е сосема јасно каде дувале ветровите.
„Десет пати зборувате за великосрпската државна политика, великосрпските протагонисти. Зборувате глупости за Српската академија на науките и уметностите, немајќи поим што пишува во Меморандумот“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека кога ќе ги прочитате изјавите на министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, се гледа дека тоа се изјави на личност која, како што рече, „живее во коментарите на своите фанови и нема поим за реалноста“.
„Со некој што мисли дека пензијата во Србија е 190 евра, што мисли дека платата во Србија е 400 евра. Затоа што тие коментари ги читаат на нивните портали. Не знаат колку автопати изградивме, затоа што им е најлесно. да се лажат себеси“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека е важно министерот за финансии Синиша Мали да одговори на Хелез и да покаже реални бројки во согласност со Евростат.
„Да ви кажам, ние сме дел од Евростат, а не сите во регионот се дел од Евростат. Ние не лажеме за бројките за плати или пензии. Некои лажат, особено за јавниот долг“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека затоа е важно Србија секогаш да ја кажува вистината и дека сите луѓе можат да ги добијат сите информации.
„Сè што кажав на прес-конференцијата вчера можевте да го видите на дело, еден час по конференцијата до овој момент. И за таа точка три „политичко-медиумска агресија“ и за се останато“, рече Вучиќ.
Наведе и дека е сосема јасно дека мирно реагирал на изјавата на мајката на Сребреница, Мунира Субашиќ, без да обвини никого за ништо и додаде дека е јасно каква кампања се води.