
Вучиќ уверува дека неговото извинување до студентите било искрено
„Моето извинување беше искрено, не затоа што сакав да му се додворувам на некого, ниту затоа што, како што мислат некои, се плашев, туку од желба да ја променам атмосферата во општеството“, рече Вучиќ за време на обиколката на градилиштето на Националниот стадион како дел од проектот EXPO, пренесува Н1.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека „блокадерите“ реагирале негативно на неговото извинување за острите зборови што ги изговорил за нив, бидејќи, како што рече, „таквата младина – во револуционерна екстаза, трча пред да размисли“.
„Моето извинување беше искрено, не затоа што сакав да му се додворувам на некого, ниту затоа што, како што мислат некои, се плашев, туку од желба да ја променам атмосферата во општеството“, рече Вучиќ за време на обиколката на градилиштето на Националниот стадион како дел од проектот EXPO, пренесува Н1.
Српскиот претседател додаде дека понекогаш реагирал емотивно на „ирационални навреди“, но дека знае како да го признае тоа, за разлика од неговите политички противници. „Мојата рака е подадена на оние кои размислуваат поинаку“, рече Вучиќ, истакнувајќи дека има свои идеи, но дека е претседател на сите граѓани. Тој исто така рече дека ќе се сретне со „блокадерите“ и дека парламентарните избори ќе се одржат пред рокот, за кој ќе одлучат надлежните институции.
Зборувајќи за вчерашното одбележување на годишнината од трагедијата во која загинаа 16 лица при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, Вучиќ рече дека на врвот на собирот во Нови Сад имало околу 40.000 луѓе, дека комеморацијата се одржала и во храмот Свети Сава во Белград и дека е среќен што сè поминало „мирно и достоинствено“.
На прашањето за апсењето на советникот од Нови Сад, Миша Бачулов, кој е обвинет дека се обидел да го исценира сопственото труење за да го обвини Вучиќ, претседателот на Србија рече дека „речиси му било жал за тој човек, бидејќи мислел дека е важен“.