Вучиќ: Трговски центри во Европа ќе бидат затворени поради струјата

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во Будимпешта дека кризата и ситуацијата со енергетиката во Европа и светот е многу потешка отколку што мислат луѓето и дека ситуацијата може да се промени доколку заврши руско-украинската војна.

Вучиќ, на прашањето на Пинк за моменталната енергетска состојба, рече дека луѓето не се навикнати на размерите на кризата и дека не можат да ја разберат, но тоа го чувствуваат и државите.

„Таа ситуација е страшна и што и да каже некој, другиот ве лаже. Се што направивме во последните 10 години – ја смени државата, а тоа што ќе имаме размена со Унгарија оваа година од над три милијарди евра. а со Австрија речиси две милијарди, сето она што го направивме може да исчезне за само шест месеци. Не сме ние виновни“, истакна Вучиќ.

Тој вели дека не се виновни ниту Унгарија, ниту Австрија, бидејќи прашање не е само дали ќе има доволно гас за домаќинствата, туку и за стопанството, односно компаниите.

Кој ќе ја плати таа цена, праша Вучиќ.

Тој посочи дека се во Европа, вклучително и трговските центри и се останато, ќе биде затворено доколку компаниите не можат да ги платат сметките за струја.

Вучиќ рече дека државата може да субвенционира фирми преку пониска цена на струјата, но и за тоа треба да се обезбедат пари.

„Ќе си помогнеме, разговаравме за тоа, но сите сме во страшна ситуација. Да имаше мир утре, би можел да скокнам на небо како Сергеј Бупка“, истакна Вучиќ и додаде дека за жал тоа нема да се случи и дека војната ќе продолжи.

Тој посочи дека затоа мораме да разговараме и да си помагаме.

„Ситуацијата е страшна и ќе биде уште полоша, но полесно е кога имаш пријатели и кога можеме да си помогнеме колку што можеме“, изјави Вучиќ.

Тој посочи дека затоа мораме да разговараме и да си помагаме.

„Ситуацијата е страшна и ќе биде уште полоша, но полесно е кога имаш пријатели и кога можеме да си помогнеме колку што можеме“, изјави Вучиќ.