Вучиќ -Тајани: За деескалација неопходно е формирање заедница на српски општини
Вучиќ во телефонски разговор со потпретседателот на Владата на Италија и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, му истакна дека за деескалација на ситуацијата на Косово неопходно формирање на Заедница на српски општини.
Тајани му порача на Вучиќ дека е неопходно да се зачува мирот .Тој побара деескалација на ситуацијата на Косово, како и враќање на Србите во институциите во Приштина.
Вучиќ порачал дека за ова „потребно е да се исполни еден мал и едноставен услов, а тоа е почитување на Бриселскиот договор“.
Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле за ТВ Блиц изјави дека актуелните настани го потврдуваат неговиот став дека закажаните избори на северот на Косово треба да се одложат.
Тој кажа дека нема одреден датум за постигнување договор меѓу Белград и Приштина, но дека преговорите мора да се забрзаат. На прашањето дали има конкретен рок до кој САД очекуваат да се постигне одржлив договор меѓу Белград и Приштина, Шоле дека е тешко да се прецизира точниот датум бидејќи преговорите се напнати.
– Нашиот став е прилично едноставен – преговорите мора да се забрзаат. Работевме напорно за да ги поддржиме колегите од ЕУ, Косово и Србија во промовирањето на европскиот процес. Немавме двојни стандарди и правиме се што можеме за двете страни да најдат заеднички јазик, бидејќи колку подолго ова трае, толку подолг ќе биде патот на Косово и Србија да постигнат полноправно членство во ЕУ, рече Шоле.