Вучиќ: Србија ќе продолжи да ги чува пријателствата со Русија и Кина
Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска разговарал со амбасадорот на Руската Федерација во Белград – Александар Боцан-Харченко, за натамошниот развој на српско-руските односи.
Вучиќ го информирал рускиот амбасадор за актуелната состојба на Западен Балкан и ја истакнал непоколебливата определба на државниот врв на Србија да ги зачува мирот и стабилноста во регионот, како и дека Србија на нејзиниот европски пат ќе продолжи да ги „чува традиционалните пријателства и партнерства со Русија и Кина“.
На средбата се разговарало и за натамошниот развој на српско-руските билатерални односи, вклучително и во областа на енергетиката, со очекување наскоро да започнат разговори за количините, цените и другите услови за снабдување со гас.