Вучиќ: Србија не нападна ниту една земја, а е сурово казнета

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ присуствуваше на церемонијата по повод 20-годишнината од формирањето на Безбедносно-информативната агенција.

„Не можеме да се потпреме само на војската за да ги постигнеме целите за национална безбедност. Денес ми се чини дека живееме во време во кое активноста на нашата служба е најважна, особено според надворешниот фактор. Белград беше како Казабланка последниве недели. Кога имаме гости од Русија, ги откриваме оние од западните служби кои ги следат. Кога имаме гости од Запад, тогаш има и други кои ги следат внимателно. Ова само покажува колку сите се заинтересирани не само едни за други, туку за ова парче земја, кое би сакале да го зачуваме за себе“, вели Вучиќ.

„Ако вие мислите дека би било доволно Србија да каже, утре воведуваме санкции против Русија? Тоа не би било доволно, по неколку дена би рекле или сте за иднината, или сакате да бидете на вистинската страна, на историјата. А таа вистинска страна на историјата нема голема врска со аргументи, туку да сте на нивна страна. Таа вистинска страна ви кажува откажете се од Косово, бидејќи само така ќе добиете мал подарок. Ако ви текне да одбиете, тогаш вие сте во неволја. Денес никој не ми се заканува, заради функцијата претседател на Србија но отворено ни се закануваат на целата наша држава и нејзиниот опстанок. Проблемот се визите? Не е проблем, ќе се договориме. Проблемот на Бурунди, Индија? Не е проблем. Ајде да воведеме санкции, бидејќи им пречи што постои земја што отскокнува и сака да го заштити правото на свое мислење“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија не нападнала ниту една земја, туку била сурово казнета.

„Во иднина не очекуваат тешки избори и многу проблеми. Насекаде има само интереси и многумина од истокот ќе сакаат да не видат подлабоко вовлечени во проблемот. Ќе останат многу малку од нас со став дека имаат само една земја и кои лицемерно не одат меѓу народот“, додава тој.