Вучиќ: Србија нема да и воведе санкции на Русија, нема да избрзува со непријателства

Александар Вучиќ – претседателот на Србија по седница на Советот за национална безбедност вечерва изјави дека Србија е посветена на почитување на меѓународното право кое го гарантира правото на неповредливост на границите на Украина, дека е многу погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на било која земја, вклучително и Украина, и додаде дека Србија нема да воведе санкции против Русија водејќи се од своите национални интереси.

„Србија е посветена на територијалниот интегритет и политичката независност на државите и смета дека е многу погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на која било земја, вклучително и Украина“ рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија, кога ќе ја разгледува потребата од усвојување рестриктивни мерки или санкции, ќе се води исклучиво од заштитата на своите витални економски и политички интереси, почитувајќи ги традиционалните пријателства.

„Врз основа на нашето искуство, не е во витален политички и економски интерес на Србија да воведе санкции кон која било земја. Имајќи го сето ова на ум, се обидовме да заземеме, не само заеднички, туку и единствен став за прашањето за кризата во Украина, за прашањето за нашите постапки и реакции. Србија е на европскиот пат, што е наша стратешка определба, но Србија нема да избрзува во непријателства бидејќи тоа од неа го бара некој друг“ – изјави Вучиќ.

Тој истакна дека Србија била соочена со бројни противречности, безброј проблеми кои не можат јавно да се презентираат.

-Бевме соочени со многубројни и нескриени притисоци. Но и покрај тоа донесовме одлука трезвено и со студена глава“ – порача срспкиот преседател.