Вучиќ: Србија е под огромен притисок!

Александар Вучиќ – претседателот на Србија изјави дека со американскиот сенатор Крис Марфи не разговарал за воведување санкции против Русија, но и дека Србија е под сериозен притисок од сите страни.

Вучиќ оцени дека во тек е светски политички конфликт и дека Србија се соочува со неверојатни притисоци.

„Тоа се сведува на многу софистицирани методи на закана и уценување на економскиот напредок или назадување на земјата. Во овие услови само барам луѓето да разберат и да видат колку државата се бори да зачува се што можеме од животниот стандард“ рече тој.

„Нашата политика мора да биде политика на одговорност, што не е ниту едното ниту другото. Навистина не можам да зборувам за шпекулации за тоа кога некој ќе воведе санкции и дали некој ќе воведе санкции. Дури ни господинот Марфи (американски сенатор) не кажа дека јас зборував за тоа, а српските медиуми пренесоа дека само се чека кога ќе воведеме санкции. Ние разговаравме за сосема друга тема“ потенцираше Вучиќ.