Српскиот претседател Александар Вучиќ му испрати поддршка на легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ, кој е хоспитализиран во Словенија.
– Драг Боро, легендо, издржи. Цела Србија е со тебе – пишува на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија.
Потсетуваме, фронтменот на групата „Рибља чорба“ е хоспитализиран поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест.
– Состојбата на Боро е непроменета, тој е интубиран. На него не е интервенирано, тој лежи во болница. Белите дробови се уште му се многу лоши, сите се надеваме на најдоброто – изјави денеска неговиот менаџер Бане Обрадовиќ.
View this post on Instagram