Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата

„Ве поканувам да се придружите на Движењето за народот и државата. Официјално, се приклучив“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил. Во видеото, тој истакна дека тоа не е само пристапница, туку „ветување и завет кон Србија“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска објави дека официјално се приклучил на Движењето за народот и државата и ги повика граѓаните да го сторат тоа.

„Ве поканувам да се придружите на Движењето за народот и државата. Официјално, се приклучив“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил. Во видеото, тој истакна дека тоа не е само пристапница, туку „ветување и завет кон Србија“.

„Важно е што сме заедно во оваа борба, бидејќи народот и Србија отсекогаш биле и ќе бидат над се и над секој од нас“.

Иницијативниот состанок на Движењето за народот и државата, на кој присуствуваше Вучиќ, се одржа на 23 март, а на 12 април зборуваше на голем собир во Белград посветен на формирањето на тоа движење.

Следното собирање е закажано за Ниш од 16 до 18 мај, а централниот настан ќе биде в сабота во 18 часот.