Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за својот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации рече дека привлекува внимание затоа што е поинаков, а потоа, откако се симнал од говорницата, шефовите на мисиите на некои од најголемите земји во светот му пријде да му честита.
Тој се согласи со проценките дека неговиот говор на официјалниот канал на ОН бил гледан двојно повеќе од обраќањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пренесува „Нова.рс“.
„Мојот говор привлече внимание затоа што беше поинаков. Некој што е мал се осмели да ја каже вистината. Ми пријдоа шефовите на некои од најважните земји во светот да ми честитаат. Тие излегоа од салата да ме пречекаат во просторот зад говорницата, само како ќе ми кажат дека ова не го слушнале во последните 10 години. Ми честитаа на храброста и се останато. А јас само го кажував она што го мислам“ – изјави Вучиќ.