Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека косовскиот министер за внатрешни работи – Џељаљ Свечља може само да сонува за српска амбасада во Приштина.
– Ова се лоши соништа, обично кошмари. Можам да му кажам дека Косово, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и Уставот на Србија, е дел од нашата територија. Така беше и така ќе биде – изјави Вучиќ во Врање.
– Ќе се потрудиме да го зачуваме мирот од неодговорните типови како косовскиот премиер Албин Курти и неговите министри – рече Вучиќ.