Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ во телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан „ја разгледал актуелната ситуација во однос на енергетската безбедност, како и следните чекори за стабилизирање на ситуацијата во таа област“.

„Исто така, ги разгледавме плановите за развој на регионални мрежи за транспорт, складирање и прием на енергија, имајќи го предвид приоритетното значење на стабилното снабдување со енергија за двете земји“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Тој напиша дека е благодарен на Унгарија и премиерот Орбан што се „доверлив партнер на Србија во овие тешки времиња“.

Посочи дека со Орбан ја разгледале и „позицијата на Србија на европскиот пат, како и геополитичката ситуација, со посебен осврт односите меѓу Украина, Русија и ЕУ“