
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација, Александар Боцан-Харченко, на кого му врачи писмо во кое му честита за изборот за претседател на Русија на Владимир Путин и ја објаснил „тешката ситуација со која се соочува српскиот народ на Косово“.
„Го искористив разговорот со амбасадорот Боцан-Харченко за да му врачам писмо на претседателот на Руската Федерација, Путин, во кое освен што му честитав за изборната победа, ја објаснив тежината на ситуацијата со која се соочува српскиот народ во Косово и Метохија, значајните политички предизвици со кои се соочува Србија, со благодарност до Руската Федерација за поддршката што ја дава на територијалниот интегритет на Србија“, напиша Вучиќ на својата страница на Инстаграм „будуќнострбијеав“.
На изборите во Русија, кои се одржаа од 15 до 18 март, Путин освои 87,28 отсто од гласовите врз основа на 100 отсто од обработените ливчиња.