„Нема поважен сектор од енергетиката, освен здравството, а регионот на Западен Балкан треба подобро да се поврзи со преносни системи, да се изградат гасни интерконектори и нафтоводи“ изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан.
Тој додаде дека потребни се реформи и модернизација на енергетскиот сектор во регионот, бидејќи сега се користи старомоден пристап и стари технологии.
„Норвешките пријатели се од голема помош и имаат краткорочни, среднорочни и долгорочни предлози за енергетскиот сектор. Мораме што побрзо да ги направиме реформите и инвестиции, во спротивно ќе се соочиме со катастрофа. Мораме во енергетскиот сектор да вложиме во наредните 10 до 20 години помеѓу 17 и 33 милијарди евра“ рече Вучиќ.
„Мора да ги промениме своите навики и да спроведиме реформи, да работиме на друг начин. Мораме тоа да го сториме што побрзо бидејќи ќе се соочиме со вистинска катастрофа“ изјави претседателот на Србија.
Тој истакна дека потребни се инвестиции во енергетскиот сектор од 17 до 33 милијарди евра и кажа дека за да се успее во енергетската трансформација потребно е целиот регион да работи заедно.
„За да успееме мора да работиме сите заедно во регионот, со поддршка на нашите норвешки партнери и се надевам и многу други инвеститори. Заедно можеме многу да направиме, имаме многу идеи“ рече Вучиќ.
Српскиот претседател истакна дека без разлика дали се зборува за шест земји од Западен Балкан или 5+1, сите мора да работат заедно, бидејќи во спротивно не очекува голема несигурност.
Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски на конференцијата потенцира дека престои тешка зима на целиот регион, но со солидарност и меѓусебна соработка ќе се обезбеди стабилна енергетска состојба, доволно храна и суровини за да се надмине кризата.
Ковачевски на конференцијата истакна дека ваквите средби со инвеститорите од Норвешка, но и актуелната енергетска криза претставуваат можност да се искористат ресурсите од зелена енергија со кои располагаме ние земјите од Балканот, но истовремено и одлична можност целиот регион да се развива како нова енергетска сила.