
Српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека постои идеја „лажната држава Косово да биде примена во НАТО“.
„За жал, таква опасност постои“, рече тој.
Вучиќ вели дека на Србија потребна и’ е одговорна политика и oти се залага за преговори и разговори.
„Мораме да се бориме Европа да сфати дека ние не сакаме да предизвикуваме конфликти“, рече Вучиќ.
Претседателот вели дека верува оти во следните два-три месеци ќе има нова дискусија, но не под овие услови.
Претходно денес во српскиот парламент дојде до викање, пцости и обиди за физичка пресметка за време на дебатата за европскиот предлог за Косово.
Во инцидентот учествуваа пратеници од Двери, движење Заветници, Народна партија и ДСС, кои го прекинаа Вучиќ скандирајќи и велејќи „Предавство“ и „Косово нема да го дадеме“, а потоа се упатија кон претседателот и се обидоа физички да го нападнат.