Претседателот на Србија – Александар Вучиќ денеска по средбата со германската министерка за надворешни работи – Аналена Барбок изјави дека разговорите во Берлин не биле лесни, но дека е задоволен од големиот интерес на германската Влада за разговор со Србија.
„Нашата позиција е тешка, секако ужасно комплицирана, а со изјавите на претседателот Путин таа дополнително е искомплицирана. За сето тоа ќе зборувам утре. Се плашам од се што следи“ – изјави Вучиќ по средбата со Барбок.
Тој порача дека „не можеме да ја бираме и да ја смениме Германија“, и дека ако некој мисли дека Србија ќе го промени ставот на Германија за прашањето за Косово – „тоа нема да се случи“.
Тој неколку пати изјави дека утре вечер во своето обраќање до јавноста ќе зборува за сите проблеми и зошто „интересот на сите за Србија ќе стане уште поголем“.
Вучиќ кажа дека со Бербок разговарал за европската перспектива на Србија, кризата во Украина и ситуацијата во Косово и дека има делови од разговорот кои „не биле лесни“.