Претседателот на Србија – Александар Вучиќ денеска рече дека Србија во најкраток можен рок ќе дозволи извоз на договорената пченица во Албанија и дека така ќе биде со секоја земја и во рамките на Отворен Балкан и во регионот, бидејќи Србија има доволно. Тој кажа дека пченицата, маслото, брашното, а особено пченката се повеќе се барани во регионот и во светот.
Појасни дека Србија има некои стари, но и некои нови договори за извоз на дури 350.000 тони пченица, но побарал од Владата на Србија да го прекине тој извоз, бидејќи 800.000 тони ќе исчезнеле од стоковите резерви, што исто така не би било значаен проблем, но тие треба да се зачуваат за граѓаните од регионот.
„Првите официјални барања што ги добивме беа во согласност со тие договори потпишани со Албанија. За тоа зборуваме сега и што поскоро ќе дозволиме извоз на пченица во Албанија. Тоа е решено за кратко време“ – изјави Вучиќ.
„Тоа е домаќинско однесување. Луѓето во регионот, ниту во рамките на Отворен Балкан, ниту во БиХ или Црна Гора, нема да имаат проблеми“ потенцираше Вучиќ.