Вучиќ повика на референдум: Добро е конечно да се расчистат работите!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност за одржување референдум за негово разрешување. Оваа изјава ја објави на својот официјален Инстаграм профил, откако Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) соопшти дека мнозинството граѓани на Србија се изјасниле за негово отстранување од функцијата.

– Објективната и непристрасна ЦРТА информираше дека огромно мнозинство граѓани се за моја смена. Ако овие наводи се точни, тогаш опозицијата треба да поднесе 67 потписи, а тие имаат над 80, за да се организира советодавен референдум. Ова е фер понуда, и добро е конечно да се расчистат работите – изјави Вучиќ.
View this post on Instagram
Тој нагласи дека секогаш се борел за народот и дека граѓаните се неговата сила. Со ова, Вучиќ ја остави можноста граѓаните да одлучат за неговиот мандат преку демократска процедура, додавајќи дека овој чекор би бил корисен за расчистување на политичката ситуација во земјата.