Вучиќ: Побарав од земјите на Квинта и ЕУ да го спречат Курти да започне нова војна на Балканот

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека побарал од претставниците на ЕУ и земјите од Квинта да го спречат косовскиот премиер Албин Курти да предизвика нова војна на Балканот.

„Зборував со претставници на ЕУ и на Квинта. Ги замолив да направат се што е во нивна моќ и да го спречат Курти да започне нова војна на Балканот“, објави Вучиќ на Инстаграм со фотографија од денешната средба.

Тоа е втора средба на Вучиќ со претставници на САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија и ЕУ за два дена.

Вучиќ по вчерашната средба најави дека „нема да каже ни збор“ за тоа, а подоцна објасни дека „не сака да каже ништо бидејќи НАТО и ЕУ не почитуваат гаранции дека нема да има апсења на косовските Срби кои демонстрираат мирно“.