
Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Србија Александар Вучиќ вечер ќе се обратат на Светосавската академија на која по 15. пат ќе се одбележи националниот празник на Србите, денот на просветителот Свети Сава.
Настанот е во организација на Српскиот културен центар во Скопје. Во поканата се наведува дека на настанот официјални обраќања ќе имаат официјални претставници од Република Северна Македонија, Република Србија и Република Српска, како и дека со богата културна-уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.