
Вучиќ: Парламентарните избори би можело да се одржат на 8 јуни
Доколку не се формира нова влада 30 дена откако Народното собрание ја потврди оставката на премиерот Милош Вучевиќ, парламентарните избори би можеле да се одржат на 8 јуни, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, учествувајќи на владина седница.
Доколку не се формира нова влада 30 дена откако Народното собрание ја потврди оставката на премиерот Милош Вучевиќ, парламентарните избори би можеле да се одржат на 8 јуни, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, учествувајќи на владина седница, јави МИА од Белград.
Вучиќ изјави дека оставката на премиерот Милош Вучевиќ ќе биде објавена во вторник, на 18 март и дека оттогаш ќе започне рокот од 30 дена за формирање нова влада, и според него, доколку новата влада не се формира во законскиот рок, најверојатно, ќе се оди на избори – најверојатно на 8 јуни.
Зборувајќи за актуелната ситуација во Србија, Вучиќ истакна колку е важно ситуацијата што поскоро да се нормализира.