Вучиќ: Откажана е парадата на гордоста во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека Europride е откажана.

„Парадата на гордоста што беше закажана за месец септември ќе биде одложена или откажана, како сакате. Или како и да се вика тоа чудо, не е ни важно“, изјави денеска Вучиќ и додаде дека премиерот и членовите на Владата „се ќе објаснат согласно законот“.

Тој додаде дека Europride не може да се одржи во актуелната политичка ситуација во Србија.

„Не го велам тоа затоа што сум многу среќен, но не можеме во овој момент, кога го имаме Отворениот Балкан и кризата на Косово, немаме никаков напредок, искрено кажано, немаме каде да се движиме. Нема да се откажеме од неутралните маси“ – рече Вучиќ.