Српскиот претседател – Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе биде во голема неволја доколку ЕУ го забрани увозот на сите енергенси од Русија и дека нафтената индустрија на Србија веќе бара увоз на нафта од трети земји и дека Владата одлучила доколку се јави потреба, државата да се откаже од царинските давачки на таа нафта. Вучиќ најави и дека од четврток ќе биде забранет извозот на брашно, пченка, пченица и масло.
„Во Европа луѓето се повеќе загрижени за пченката, Америка е повеќе загрижена за пченицата. И се чека одлуката на Путин и владата за тоа што Русија нема да извезува. Цените вртоглаво растат. Имаме предност во пченицата и пченката. Од четврток повеќе нема да има извоз на пченица и брашно, пченка исто така, и масло, бидејќи извозот скокнал за 109 отсто“ – изјави Вучиќ.
Тој посочи дека Србија ќе има доволно за себе и за регионот, но дека сè што се случува во светот му изгледа како крај на светот во економска смисла и толку разурнувачки што за тоа нема лек. Оцени дека во изминатите 24 часа е дојдено до големи нарушувања во светот.
„Србија е во неволја ако ЕУ го забрани увозот на сите енергенси, бидејќи нема од каде да добие – не може од небо да ни паднат нафтата и гасот“ – кажа Вучиќ.