„Договорите што ќе се потпишат денеска во Тирана во рамките на иницијативата Отворен Балкан се многу важни, ќе го олеснат протокот на луѓе и работна сила и ќе ги направат земјите учеснички попривлечни за странските инвеститори“.
Ова го изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на отворањето на 7. состанок на „Отворен Балкан“. Тој рече дека овие договори претставуваат „јадро на нешто што ќе создаде овој дел од Европа да биде суштински без граници“.
Според Вучиќ, ќе се потпише договор за телата за акредитација, билатерален договор за овластени економски оператори со Албанија, која Србија ја има година и пол и со Северна Македонија, како и многу договори во областа на ветеринарството и фитосанитарна инспекција.
„Ова е најголемиот чекор во нашата соработка, кој ќе ни донесе многу олеснувања на нашите бизнисмени. Ова го правиме со многу верба бидејќи знаеме дека ќе им олесниме на нашите бизнисмени. Преку електронско поврзување ќе почнеме да зборуваме какви попусти ќе имаме на наплатните рампи, какви попусти ќе имаме за граѓаните во хотелите. Веруваме и знаеме дека ќе им донесе добро на граѓаните на нашите земји и Северна Македонија и Албанија и Србија да го направат тоа со така многу енергија и убедување“ рече Вучиќ.