Вучиќ одбива разговор со Курти во Брисел, бара ослободување на сите уапсени Срби
Нема да разговарам со Курти додека не биде ослободен секој уапсен Србин и додека нивните градоначалници не се повлечат од општините. Знаете, Курти има поважни работи да направи во Ватикан, да побара признавање на независноста на Косово“, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ по денешниот состанок на владите на Србија и Унгарија во Палиќ.
„Разговарав со Виктор Орбан за се што се случуваше околу Косово. Одев на разговори 11 години, присуствував на сите разговори… Секогаш сакавме да постигнеме компромиси за да го зачуваме мирот. Успеавме во тоа и напредувавме побрзо. .. Верувавме дека сето ова е можно додека не дојде Курти на власт, кој никогаш не сакаше да зборува… Никогаш не сакаше да слуша… Да ви кажам, не спијам навечер, никому не кажав што упатени се закани до Србија, ако не бидат пуштени уапсените Албанци…“, рече Вучиќ и изјави дека овие закани ги презел на себе, бидејќи страдаат Србите на Косово и Метохија.
Тој се осврна и на невистините дека со уапсените Албанци се однесувале лошо и откри дека нема да оди во Брисел.
Вучиќ вели дека и Орбан му рекол дека има голем притисок врз Србија, а потоа се заблагодарил за секој совет, барање и внимание што и се посветува на Србија.
Претседателот на Србија изјави дека само Србите биле малтретирани и дека не е точно дека уапсените Албанци биле лошо третирани.