Вучиќ: Одам во Брисел да се обидам да ги зачувам мирот и стабилноста

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека оди во Брисел на дијалог за да се обиде да ги зачува мирот и стабилноста, наведувајќи дека тоа е неговата цел.

Тој додаде дека оди во Брисел на дијалогот закажан за 18 август за да го зачува мирот, наведувајќи дека Србија никому не се заканува и дека сака да обезбеди почитување на правилата, меѓународните норми на јавното право, од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН до Бриселскиот договор.

„Тоа се договори кои важат и тие мора да се почитуваат и применуваат“ – рече Вучиќ.

Тој рече дека Србија сака да разговара, а дали разговорите ќе имаат смисла, вели, ќе се види за два-три дена.

На прашањето дали Курти поради внатрешни проблеми ја засилува реториката во однос на Белград, имајќи ги предвид рестрикциите за струја, српскиот претседател не сакаше да го коментира тоа.

„Се надевам дека нема да мора да ја исклучуваат струјата, бидејќи тоа би било лошо за нив, за нас и за сите луѓе што живеат таму. Тоа се многу пари. Струјата може да се купи на пазар, но прашање е кој може да ја плати. Прашање е дали донел одлука да не се задолжува дополнителен или нема пари“ истакна тој.