Вучиќ објави дека СНС нема да одржи митинг во Белград на 28 јуни
Претседателот на Србија и член на Српската напредна странка Александар Вучиќ денеска изјави дека властите нема да организираат митинг на 28 јуни, на Видовден, бидејќи не сака конфликти со студентите во блокада, кои најавија протест во Белград за тој ден.

Вучиќ, во гостување во Утринскиот дневник на Радио и телевизија на Србија, рече дека претставниците на властите не сакаат да креваат тензии.
Според него, СНС никогаш не организирала контрасобири, па затоа нема да го стори тоа ниту на Видовден.
„Размислуваме за Нови Сад, без разлика дали на 28 јуни или на 5 јули. Секако сакаме да избегнеме конфликт бидејќи сме одговорни луѓе“, рече Вучиќ и додаде дека за три месеци „физички ќе ги брани блокадерите од нападите на огорчениот народ“.
Студентите во блокада најавија дека ќе организираат протест во Белград на Видовден, а вчера дел од српските медиуми објавија дека СНС исто така планира да одржи митинг во тој ден.